Вести
Формиран прв кластер за органско производство
Бројот на земјоделци кои произведуваат органско постојано е во пораст и засега полека но се буди интересот кај потрошувачите за органска храна.
Освен зголемената побарувачка на домашниот голем потенцијал има и за извоз на органски производи. Од Македонија со посредство на швајцарскиот проект ИМЕ за зголемување на вработливоста се направи извоз на црвен и шарен грав,, грашок и диво растечки продукти за голем ланец на супер маркети во Швајцарија а се договара и идното производство на семенски материјал за извоз.
Органските производители за подобрување на пласманот деновиве го формираа и првиот кластер за органско производство.