fbpx
Вести

Добри услови за подигнување на нови овошни насади

Временските услови се идеални за подигнување на нови овошни насади. Експертите препорачуваат да се садат сорти кои се отпорни на климарските промени и кои се проверени и поседуваат соодветен сертификат за квалитет и за потекло…

 

Временските услови се поволни за подигање нови овошни насади, велат експертите, но порачуваат да се засадуваат култури и сорти кои се отпорни на ниските температиури и на промените на климата.

За отстранување на можните грешки во овоштарството кои излегуваат на виделина по неколку години, без можност за санирање последиците, прв чекор за успешен насад е да се направи агрохемиска анализа на почвата. Исто така, треба да се набави сертифициран посадочен материјал и да се употреби арско ѓубре за да се заштити коренот од измрзнување.

Земјоделците кои ќе аплицираат за субвенции треба да ја чуваат комплетната документација. Доколку засадувањето го извршат во овој период, барањата се доставиваат на првиот нареден повик кој вообичаено се објавува во март.

Годинава беше тешка за овоштарите зашто само од пролетниот мраз настрадаа 90 проценти од насадите со сливи и јаболко, додека кај вишните штетите беа 60 проценти.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close