fbpx
Вести

Министерот Николовски на средба со претставници од земјоделското здружение „Клас“ од Прилеп

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски оствари средба со земјоделското здружение „Клас“ од Прилеп.

Заедно разговараа за петгодишната Национална програма за земјоделство и рурален развој, но и за актуелните состојби во земјоделството.

-Градењето партнерски однос со сите чинители во земјоделскиот сектор е најдобриот начин за создавање на едно развиено, организирано и конкурентно земјоделско производство. Отворениот дијалог ќе го продолжиме и во следниот период, со цел идните аграрни политики да ги креираме според потребите на сите инволвирани во земјоделскиот сектор, потенцира министерот Николовски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close