fbpx
Вести

Промени во даночниот систем на земјоделците

Земјоделците кои заработуваат до 16.200 евра ќе добиваат повраток на персоналниот данок. Со измените на законот се предлага персоналецот кој во текот на годината им се задржува на земјоделците, на крајот ќе им биде целосно вратен.

Во измените на Предлог- законот за персонален данок на доход се предлага на сите земјоделци кои имаат годишен приход до 16.260 евра, персоналниот данок кој им се задржува во текот на годината, на крајот да им биде целосно вратен.

Со ова решение околу 65 илјади земјоделци на почетокот на секоја година на својата сметка ќе добијат износ еднаков на задржаниот данок и ќе бидат ослободени од пријавувањето на персоналниот данок.

Со оваа мерка, скоро седун милиони евра треба да останат кај земјоделците кои ќе бидат ослободени од административните трошоци и обврската да поднесуваат даночни пријави. Поднесувањето на даночните пријави во нивно име ќе го прават откупувачите.

Со сегашното законско решение лицата кои остваруваа приходи од земјоделска дејност до 21.000 евра, паушално плаќаат персонален данок на доход утврден oд страна на Управата за Јавни приходи и имаа обврска секоја година да поднесуваат барање за паушалното оданочување.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close