fbpx
Вести

Бесплатни технички проекти за откупни центри

jabolka

За заинтересираните земјоделци и задругари достапни се бесплатни типски технички проекти за изградба на откупно- дистрибутивни центри. Центрите се наменски, исклучиво за трговија со овошни и со градинарски производи кои ќе можат да се зголемуваат и да се приспособуваат според потребите на земјоделците.

Овоштарите и градинарите можат бесплатно да добијат техничка документација за модерен откупно-дистрибутивен центар за свежо овошје и зеленчук.

Откупниот центар ќе може да се надградува и приспособува во зависност од потребите на земјоделците или нивните задруги.

Основниот проект предвидува објект со големина од 1.000 квадратни метри и со две комори за ладење до 150 тони овошје или зеленчук. Во него се предвидени простории за прием, складирање и за пакување на земјоделските производи.

Техничкиот проект е бесплатен за сите кои се заинтересирани да инвестираат во ваков центар.

За изградба на овие капацитети може да се конкурира и за неповратна фонансиска поддршка од ИПАРД програмата во висина од 50 проценти.


 

мрт

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close