ЕК дополнително ќе ја финансира промоцијата на храна во целиот свет
Дополнителното финансирање од 169 милиони евра за промоција на земјоделските производи од ЕУ во светот ќе биде обезбедено од Европската комисија. Ова е 27 милиони евра повеќе отколку во 2017-та година, кога буџетот за оваа намена изнесуваше 142 милиони евра.
Брисел очекува предлози за програми за промовирање на европските земјоделски производи ширум светот и во рамките на ЕУ, објави Комисијата.
Две третини од средствата се наменети за публицитет во земјите што не се членки на ЕУ, особено во земјите со висок потенцијал за раст на извозот од Европа. Тоа се Канада, Јапонија, Кина, Мексико и Колумбија.
За програмите низ цела Европа фокусот треба да биде информирањето на потрошувачите за различните шеми и етикети за квалитет на ЕУ, како што се оние за географски ознаки или за биопроизводи.
Секторско финансирање ќе биде за програми кои промовираат одржливо одгледување, вклучувајќи овци и кози. Финансиските ресурси се исто така наменети за кампањи за поддршка на здравата исхрана и потрошувачка на овошје и зеленчук.
„ЕУ е најголемиот светски трговец на прехранбени производи и е место со најквалитетна храна во светот“, рече комесарот за земјоделство Фил Хоган.
Право да аплицираат има трговските организации и организациите на производители, како и тела од прехранбениот сектор одговорни за промотивни активности. Програмите може да се имплементираат во една земја или се мултинационални.
Предлозите се доставуваат до 12-ти април 2018-та година преку посветен портал. Комисијата, исто така, ќе ги објави изведувачите на есен.
„CHAFEA“ (Извршна агенција на ЕУ за потрошувачи, здравство, земјоделство и храна) ќе им помогне на кандидатите да ги достават своите предлози успешно. Повеќе информации ќе бидат обезбедени за време на серијата информативни денови ширум ЕУ.
Првиот информативен ден ќе биде во Брисел на 31-ви јануари, со потенцијални промотори на проектот, рекламните агенции и националните власти.