fbpx
Вести

Откупот на тутун во завршна фаза, просечната цена достигна 214,8 денари за килограм

tutuni

Досега, според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство, биле откупени повеќе од 21,5 милиони килограми тутун во вредност од близу 60 милиони евра.

Просечната откупна цена на тутунот од реколтата 2017-та достигна 214,8 денари за килограм. Откупот на тутун е во завршна фаза и се очекува да заврши до крајот на месецот, соопшти Министерството за земјоделство.

Досега, според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство, биле откупени повеќе од 21,5 милиони килограми тутун во вредност од близу 60 милиони евра.

Тутунот годинава е со добар квалитет, кај компаниите има интерес за откуп и засега нема пријавено проблеми во однос на проценката на класите, се вели во соопштението на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.


 

мрт

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close