fbpx
Вести

Предложени измени во Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост

sobranie

Со членот 13 од Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост меѓу другото е пропишано дека за спроведување на постапката за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост се основа Комисија за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост (во натамошниот текст: Комисијата). Сите административно-технички работи за потребите на Комисијата ги
обезбедува Министерството.

Комисијата е составена од претседател и шест члена. Членовите на Комисијата ги именува Владата на Република Македонија со примена на начелото за соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците, за период од четири години, со право на повторно именување. Членовите функцијата ја извршуваат професионално и истата е неспоива со вршење на каква било друга професија, дејност или должност.

За својата работа, претседателот и членовите примаат плата. Платата на претседателот на Комисијата е во висина на две и половина просечни нето плати исплатени во Република Македонија, а на членовите во висина од две просечни нето плати исплатени во Република Македонија. Имајќи ги во предвид надлежностите и обемот на работа во текот на една година на Комисијата за продажба на земјоделско
земјиште се цени дека е непотребно членовите на наведената комисија работата да ја извршуваат професионално и да земаат плата туку дека е посоодветно во истата да може да членуваат и вработени лица кои ги исполнуваат законските услови за членство, а со тоа и наместо плата во иднина членовите на комисијата да земаат годишен надоместок со што десеткратно би се намалиле трошоците за работа на
комисијата.


 

правдико.мк

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close