fbpx
Вести

Почнаа подготовките за новата реколта тутун, интересот зголемен

tutun

Oд денеска во подрачните единици на Министерството за земјоделство почна издавањето евидентни листови за новото тутунопроизводство. Интересот е зголемен. Ќе се работи и во две смени тутунарите, главно задоволни од ланската реколта и откупните цени, но сакаат повисоки цени на класите тутун…

Најдо Неданоски е тутунопроизводител веќе 40 години. Вели, тутунот е егзистенција за неговото семејство. Последната реколта добро му помина на вагите. Сега го планира новото производство со поголеми количества.

Официјално, почнаа подготовките за годинашнава реколта тутун. Тутунарите се пред подрачните единици на Министерството за земјоделство да извадат евидентни листови како лиценци за новиот род. Интересот е зголемен, велат надлежните од Министерството. Ако треба ќе работат во две смени.

За тутунарите  сега производството стана исплатливо. Но, треба да се зголемат цените по класи- велат тие.

Откупот од ланската реколта завршува и пред закоскиот рок. Преземени се преку 21.000 тони по 217 денари за килограм. Годинава, договори со тутунарите ќе склучуваат 9 компании. Нова е грчаката фирма „Мисиријан“.

Сојузот на тутунските здруженија најавува преговори за цените по класи пред потпишувањето на договорите.

Во Пелагониско се произведува повеќе од половината од годишниот род во земјава.


 

мрт

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close