Вести
МЕСАРИТЕ БАРАНИ КАКО ПРОГРАМЕРИТЕ: Но, овие професии никој не ги сака
Иако во соседна Србија постои апликација која се вика Poslonaut, и преку која работодавците можат да најдат работници и обратно, сепак за одредени профили многу тешко се наоѓаат кадри.
Во текот на 2017 година преку оваа апликација за работно место промотер имало по 10 кандидати, а во областа на нега и убавина имало помалку понуди од огласи.
За секој оглас за маркетинг и продажба имало по 8.5 пријави, а за занаетите било еден на еден.
Во Србија на пазарот на труд тешко е да се дојде до фризер.
Месарите се барани исто како и програмерите, но многу тешко се пронаоѓаат.
За 304 огласени позиции во областа нега и убавина имало 204 пријави.
За месари, готвачи на 130 огласи се пријавиле 227 кандидати.