fbpx
Вести

Падна продажбата на пивото „Карлсберг“ во Русија

pivo

Падот на продажбата на рускиот пазар се должи на новиот закон со кој се ограничува максималната големина на шишињата изработени од пластика.

Данската пивара „Карлсберг“ минатата година забележа пад на продажбата и на профитот, во најголема мерка како резултат на намалената пазарна активност во Русија.

Падот на продажбата на рускиот пазар се должи на новиот закон со кој се ограничува максималната големина на шишињата изработени од пластика. „Карлсберг“ соопшти дека лани остварил нето профит од 1,26 милијарди дански круни (170 милиони евра), што е значително помалку во однос на профитот од 4,49 милијарди круни (603 милиони евра) остварен во 2016 година.

Приходот на пиварата лани се намалил на 61,8 милијарди круни (8.3 милијарди евра) од 62,6 милијарди круни (8,4 милијарди евра) претходната година.


 

плусинфо.мк

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close