fbpx
Вести

Виното „Темјаника“ на Попова кула освои златен медал во Јапонија

vinarska vizba

На престижното меѓународно натпреварување „Сакура авардс” (Sakura Awards) во Јапонија виното Темјаника-аристократ на винарската визба Попова кула освои златен медал. Ова е вторпат истото вино да ја освои оваа престижна награда.

Извршниот директор на винарска визба Попова кула ордан Трајков вели дека златниот медал во Јапонија е од големо значење за нив. „Ова натпреварувањето е меѓу најреномираните во светот на вината, без можност за надворешно влијание на резултатите (што често не е случај со други натпреварувања). Вториот златен медал за ова вино е потврда дека нашата определба да работиме само со грозје од нашите лозја е правилна. Микро локацијата Попова кула, по која го доби името и винарската визба, е супериорен „тероар” отсликан во квалитетот на сите наши вина”, вели Трајков.

Објавувањето на наградата токму пред празникот на лозарите и винарите „Свети Трифун“, делува небаре Јапонците сакаат да нѐ потсетат на нашата долга традиција, далеку поубава од маркетиншки наметнатиот (од моќни ланци на продавници во западните земји) „Свети Валентин“, додаде Трајков.


 

мкд.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close