Овчарите ќе добиваат неповратна помош за плати
Овчарите и годинава ќе можат да користат субвенции на платите во висина до 80 проценти од месечната бруто плата. Помошта која е предвидена во програмата за рурален развој е поради зачувувањето на руралните предели и нивните традиционални карактеристики.
За чување и пасење на овци, кози или говеда на ливади кои се наоѓаат на надморска височина поголема од 700 метри сточарите можат да добиваат субвенции од државата за зголемување на нивните плати.
Поддршката изнесува 80 проценти од просечната месечна бруто плата во оваа дејноста во периодот од први ноември 2017-та до 31-ви октомври оваа година.
Помошта е неповратна, а се добива за едно вработено лице на 150 овци, 50 кози или 80 говеда.
Максималниот износ е до 300.000 денари по лице за најмногу 20 вработени.
Право на користење имаат регистрираните земјоделски стопанства.
Оваа мерка се применува неколку години по ред и во просек се исплаќаат од 5 до 6 милиони денари годишно за да се задржат овчарите кои ги има се помалку за чување на македонските стада .