Субвенции за проширување на производството
Во март треба да се објави јавен повик за доставување на барања за ко- финансирање на новите инвестиции во сточарството, лозарството, овоштарството и во пчеларството. Оние кои конкурирале лани и веќе инвестирале барања за исплата на субвенциите можат да ги поднесуваат до 28-ми февруари.
Земјоделците кои имаат одобрение од платежната агенција за нови инвестиции барања за исплата на субвенциите можат да ги достават до 28-ми февруари.
Во сточарството со 50 проценти се кофинансира набавката на јуници и машки и женски приплодни грла овци, кози и свињи. Во растителното производство, подигнувањето на лозови и овошни насади, и нови насади со ароматични растенија и медоносна флора во периодот од 1-ви октомври до 31-ви декември 2017 година.
За новите инвестиции во добиток и во нови насади од 1-ви јануари до 30-ви септември оваа година, барањата за субвенции ќе се доставуваат до 30-ти септември.
Платежната агенција според програмата за рурален развој до 1-ви март треба да објави јавен повик за доставувања на барања за ко-финансирање за набавката на пчелни матици, роеви и опрема за пчеларство, за механизација за житни и индустриски култури, за систем за наводнување-капка по капка за пченка, сончоглед и фуражни култури и за бунари за наводнување.