fbpx
ВестиВино

Се произведува квалитетно вино, потребна е засилена промоција

vino

На околу 25 илјади хектари се протега виновата лоза во Македонија. Земјава произведува квалитет. Потребна е засилена промоција. Визбите веќе ги освојуваат европските и светските пазари…

Како приказна без почеток и крај со безброј вкусови, тајни рецепти, традиција со векови. Богато црвено или суво бело. Го нарекуваат пијалок на боговите, го поистоветуваат со мистерија доведена до најголема перфекција. Но, никој не ја открива неговата моќ да подари ведрина и дар на говорот. Енолозите само мудро ги преплетуваат технологијата и знаењето, искуството, велат кој ја посетил Македонија знае во доброто вино е вистината. А, во сончевата долина кај здравата лоза започнува магијата.

„Секој енолог си има своја тајна своја техника, знаењето искуството и бербите поминати се предност.  Виното се раѓа на лозата, значи добро вино, квалитетно здраво со добра шеќерност е предуслов. Виното го опушта човек, едноставно мислите поинаку му функционираат и најверојатно вистината тогаш излегува на виделина“, вели Венера Гелебешева, енолог.

На речиси 25 илјади хектари се протега виновата лоза во Македонија. Винската приказна стара повеќе од осум векови денес е преточена во повеќе од 240 илјади тони грозје, 220 милиони литри квалитетно вино призведено во домашните винарии. Призводството учествува со 20- тина насто во бруто домашниот производ. Виното е вториот најизвезуван производ од земјава. Го сакаат и луѓето во Јапонија. Со технологијата, квалитетот на опремата и мајсторијата растат и проекциите, понесени од амбиците на добриот квалитет, на винарските визби блиски им станаа не само европските, туку и далечните светски пазари. Аирлија, добар род си посакаа на чинот на закројување.

„Најголем дел од извозот на нашето македонско вино, очекуваме во земјите во Русија, а сме единстевн извозник на флаширано и наливно вино во Јапонија. Очекуваме дека ова година ќе биде далеку подобра од минатата, а без субвенционирање на земјоделецот не може да очекуваме и ние винариите дека ќе прозиведеме квалитетно вино со кое ќе се претставиме на светот“, вели Тодор Сејзов, изврешен директор на Сковин.

Белото со риба, пилешко, тестенини, салати. Црвеното со месо, сирење, зачинета храна, чаша вино на ручек или вечера препорачуваат и докторите. Луѓето велат, се поминува само доброто вино останува.


 

мрт

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close