fbpx
Вести

Тутунопроизводителите очекуваат повисока откупна цена за следната реколта

t1

Задоволство од тоа што ќе бидат исплатени повисоки субвенции за откупениот тутун од ланската реколта, денеска на прес конференција во Прилеп изразија од Сојузот на тутунопроизводители на Македонија.

-По 80 денари ќе бидат исплатени за прва, по 70 за втора и 60 денари за трета класа тутун. Околу 9 милиони килограми тутун се откупени во прва класа, 13 милиони во втора, 1,2 милиони во трета и многу малку во четврта класа – рече Неделковски.

Тој посочи дека како Сојуз продолжуваат да преговараат со откупувачите за повисоки откупни цени на тутунот и затоа ги повикуваат тутунопроизводителите да не брзаат со потпишување на нови договори.

-Има време за договорите. Се надеваме дека ќе има повисоки цена. Покачувањата бараме да бидат по 30 денари по килограм за секоја класа и воедно да има приближување на разликата на цените – посочи претседателот на Сојузот.

Инаку, има најави дека интересот за тутунопроизводство во следнава реколта ќе биде зголемен затоа што има нови откупувачи и од Сојузот очекуваат дека ќе има два до три милиони килограми повеќе производство на тутун од минатата сезона.

 


 

новамакедонија

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close