Вести
АХВ организира работилница на тема- Регистрација и одобрување на операторите со храна за животни
Од 26 до 27 февруари ќе се одржи работилница на тема: Регистрација и одобрување на операторите со храна за животни.
Целта на работилницата за регистрација и одобрување на операторите со храна за животни е презентација на законските барања и услови за регистрација и одобрување на објекти и оператори со храна за животни со јасна дистинкција кој е предмет на процесот на регистрација, а кој на процес на одобрување.
Исто така на учесниците на работилницата ќе им биде презентирана правната рамка за регистрација и одобрување на објекти за производство на животински нус производи кои се користат како храна за животни, како и правната рамка во однос на производството , маркетингот и употребата на медицинирана храна за животни.