fbpx
Вести

Тутунарите бараат зголемување на откупната цена

 

Откупот на тутунот од ланската реколта полека привршува со просечна цена од 217 денари за килограм. Но тутунарите од општина Конче бараат од владините преставници да најдат модел за зголемување на цените по класи, бидејки со години тие се речиси исти а се зголемуваат цените на репроматријалите.

„Спрема трошоците што ги имаме,  минимум 250 денари да се зголеми, првакласа да биде 300, до 270 втора, 250 трета“ – вели Марко Димитровски, производител од Конче.

„Имаме добар просек, но во друга година кога нема да има квалитет, просекот ќе падне на 100-120 денари“ – вели Наце Јанковски, здружение на тутунари

Министерството за земјоделство, апелираше до тутунарите за организирање и здружување и да бидаат партнер во преговорите со откупните компании доколку сакаат повисоки цени по класи. Тој најави  дека 4 класа ќе биде укината.

„Сега е моментот за многу поголема организираност од страна на земјоделските здруженија и зголемувањето на оваа субвенција по класи е порака до откупувачите, сите да застанеме зад тутунопроизводителите како една од најклучните земјоделски гранки. Министерството и владата ќе го водат овој дијалог помеѓу откупувачите и производителите во сите области и сфери.“ – изјави Љупчо Николовски, министер за земјоделие.

Директорот на платежната агенција потенцираше дека тутунарите, субвенциите за минатогодишната реколта ке ги добијат во април.

„Нашите тутунопроизводителиможат да очекуваат дека оваа реколта ќе им биде исплатена во текот на месец април“ – вели Николче Бабамовски, директор на платежна агенција.

Владата донесе одлука за откупениот тутун од прва класа да исплака субвенции од 80 денари за килограм, за втора 70 а за останатите по 60 денари за килограм. Досега се откупени околу 23 милиони килограми тутун.


 

24 вести

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close