fbpx
Вести

МЗШВ: Проблемот со брашното ќе биде надминат

mzsv1

Министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија и на Република Србија, Љупчо Николовски и Бранислав Недимовиќ се во комуникација и проблемот со брашното ќе биде надминат.

Ова денеска за МИА го посочија од македонското Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Разговорите меѓу двајцата министри следат откако Србија најави контрамерки по воведувањето на мерките од македонска страна за увозот на српско брашно.

– Градиме пријателство и позитивен однос со сите соседи и верувам дека кога во минатото сме изнаоѓале решенија за многу потешки прашања, ќе најдеме решение и за ова прашање, изјави вчера премиерот Зоран Заев.


 

бриф.мк

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close