fbpx
Вести

Ниските температури ќе го намалат родот кај овошките

cresa

Градинарите утревечер да ги засилат печките во пластенците  за да ги спасат младите култури од најавените миснусни температури, советуваат агрометеорлозите.Температурите во четврток наутро ќе се спуштат и до 15 степени под нулата. Ова негативно ќе се одрази и врз овошките кои почнаа да цветаат изминатиов период. Но нема опасност дека родот ќе биде целосно уништен вели агрометеорологот Ангелески. Според него добро е што има снежна покривка во најголемата житница Пелагонија. Токму таа ќе ги спаси културите од минусните температури.

– Имавме почеток на цветање кај бадемот и кајсијата но сепак ваквите температури во четврток нема целосно да го уништат родот,ама ќе го проретчат. Временските услови во овој период се добри, ќе ја разладат атмосферата и оние овошки и виновата лоза кои не се почнати со вегатција ќе ги стопира за исвесен период. А тоа е добро бидејќи време за минусни температури сеуште има, вели Ангелески.

Ниските температури нема да потраат долго вели Ангелески. Викендов се очекува значително затоплување.

Земјоделците се први на удар на климатските промени. Но и покрај тоа тие не ги осигуруваат своите посеви. Вчера осигурителните компании се пожалија дека се додека државата директно ги обештетува производителите, тие нема да купуваат полиси.


 

сител

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close