fbpx
ВестиВидео/интервјуа

“Македонскиот земјоделец со род од 100 тона јаболка по хектар” – интервју со Г-дин Аднан Феим од с.Лавци ,intervju Преспа

jabolko

Драги наши, после објавениот текст на Зелена берза во кој Проф. Д-р Франци Штампар од Биотехнички факултет во Љубљана постави прашалник над главите на многу овоштари со тврдењето дека е можно да се произведуваат 100 тони јаболка по хектар се разви под истиот бурна дискусија. Од истата дознавме за нашиот овоштар од Преспа, на кој нашите фанови јавно му честитаа и ја фалеа неговата успешност. За Аднан Феам и неговиот род од над 100 тони по хектар јаболко слушнавме од повеќе страни, па решивме да го контактираме и во неколку прашања да го доближиме до вас овој врвен земјоделец. Еве што издвојуваме:

Од кога се занимавате со земјоделство, и што конкретно произведувате и кое е Вашето примарно производство?

Јас живам во село Лавци, во Преспа а со земјоделство се занимавам од најмала возраст, поточно од 12 години. Сепак, како професионален земјоделец започнувам во 1987 година со насад со јаболка и еве веќе 31 година го работам истото.

jabolko

Колкава површина обработувате?

Вкупната површина која ја обработувам е 3 хектари и 85 ари, од кои еден хектар не е во полн род.

Колкави се приносите на годишнониво?

Приносите на годишно ниво се од 60 до 120 тона по хектар. Истите многу зависат од временските услови, пролетните мразеви , градот и слични непогоди.

Дали сте задоволни?

Од приносите сме задоволни, од цената , не секогаш, зависи од годината .

Дали користењето на современата земјоделска механизација е еден од пресудните фактори за поголемо производство и што употребувате Вие при обработката на Вашите насади?

Да, секако, ние користиме современа механизација. Сметаме дека без модерна земјоделска опрема нема да можиме да постигнеме толку голем приход.

Кои други методи, техники или искуства според Вас, придонесуваат за поголемо земјоделско производство?

По мене најбитно е кроењето на овошките, исто така не смее да се занемари важноста на квалитетната прихрана односно квалитетното вештачко ѓубриво, потоа редовното прскање за заштита. Наводнувањето е еден од најважните услови за богат род. И секако мора да се пратат времеските услови и да се дејствува во согласност со нив.
Љубовта кон работата и желбата за успех се исто така клучни фактори во секоја дејност која ја започнуваме сите ние. Без тоа, ниту јас, ниту некој друг може да постигне добар резултат.

jabolko

Здружението за едукација на земјоделците „Зелена Берза“, Ве прогласи за нивни почесен член и соработник. Што мислите за Ваквото здружување на земјоделите и дали имате некој предлог за нашето здружение?

Здружувањето е добра работа. Тука земјоделците можат да ги разменат своите искуства. Со задоволство ќе прифатам да бидам ваш член и соработник. За сите прашања стојам на располагање на сите членови.

Кој совет би им го дале на сите земјоделци, и на оние кои сакаат да започнат да се занимаваат со оваа професија?

Мој совет за сите кои ја работат или сакаат да ја работат оваа професија е дека мора да имаат голема воља и да дадат огромен труд. Тоа подразбира инвестирање во професијата и во материјален и во интелектуален поглед. Само така ќе го добијат саканиот резултат.
Само едно да се знае дека последните две години со температури од – 4 и –
7, родот беше помал, и неквалитетен, со пукнатини во плодовите и прстен околу плодовите.
Со огромна благодарност до Г-динот Аднан Феим.

Валентина Соколовска за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close