fbpx
ВестиСовети

Полјоделство – календар за месец Март

pole

Во овој период растенијата се во мирување. Голем дел од нив се покриени со снежна покривка. На места каде што снегот не се задржал поради ветровите при појава на невообичаено ниски температури, од -20 до -25 ° С, постои опасност од измрзнување на посевите со пченица и јачмен.

Се припремаат азотни ѓубрива и механизацијата за прихрана на есенските посеви.

Пред започнување на вегетацијата житните култури се најмногу истоштени од зимскиот период, со исцрпени резерви од јаглени хидрати и поради тоа имаат потреба од лесно апсорбирачки азот.

Ефикасноста на прихранувањето зависи од бројни услови – состојба на посевите, климатските услови, сортата и обезбеденоста на почвата со минерален азот.Се припрема почвата за сеидба на раните пролетни култури. Во тек e или привршува прихранувањето на есенските култури.

Се врши сеидба на:

-луцерка од 1-30 март (во наши услови може крај на март почеток на април, најдоцна до 15 април) со 30-40 кг/ха или просечно 20кг/ха;

-сончоглед од 20 март – 5 април со 15 – 20 kg/ха;

-сирак од 20 март – 5 април со 8 – 12кг/ха;

-шеќерна репа од 1 – 30 март со 25 – 30 кг/ха.

Одгледувањето на тутунот вклучува два агротехнички периоди: производство на расад и одгледување на нивата. Производството на расад се организира во или блиску до населеното место, на рамни, оцедни, заштитени од ветер, топли и плодни почви.Тутунскиот расад се одгледува на леи покриени со најлон.

Подготовката на семето бара дезинфекција и `ртење. Сеењето на леи се врши во текот на месец март.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close