fbpx
Вести

Земјоделците бараат строга контрола на увозното брашно

br

Регионалниот сојуз на земјоделци „Клас“ од Припеп денеска излезе со став дека ја поддржува одлуката на Владата на увезеното брашно од Србија прво да му се провери квалитетот, па дури потоа кај нас тоа да добие маркици. Велат дека иако овој закон постои со години, тој не се почитувал и се сомневаат дека кај нас досега се увезувало брашно со помал квалитет од оној кој го пишувало на декларациите.

„Не може нашиот производ, пченицата, да има целосна контрола при откуп, а обратно да увезуваме неконтролиррано брашно. Мислиме дека и нашата пченица и брашното се изедначени со квалитетот доколку се применуваат мерките кои се донесени од многу порано“, истакна Перо Стојкоски, претседател на регионалниот сојуз на земјоделци „Клас“ од Припеп.

Досега и да се утврдело дека брашното не е квалитетно Инспекторатот немало кај кого да се жали бидејќи веќе тоа брашно било потрошено. Сметаат дека и македонската пченица е исто толку квалитетна како увозната. Исто така се сомневаат дека и увезените вештачки ѓубрива биле со послаб квалитет.

„Ако се применува правилникот како што треба за нас земјоделците ќе биде добро затоа што ќе добиеме повисока цена“, рече Томе Здравески, земјоделец.

Инаку утрово телефонски за проблемот околу брашното разговарале министрите Николоски и Љајиќ, а детали од разговорот ќе биле соопштени во текот на денот.

Земјоделците исто така апелираа до Министерството да најде решение за уште околу 30.000 тони неоткупена домашна пченица која моментално ја купувале само сточарите по цена од 9 до 11 денари за килограм. Постоело опасност 20% од тие 30.000 тони да скапи бидејќи немало услови за домашно чување.

 


 

сител

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close