fbpx
Вести

До 3000 евра помош за преработувачката индустрија

ind

Фирмите од преработувачката индустрија можат да добијат до 3000 евра поддршка од државата. Парите ги исплаќа министерството за економија во рамки на проектот за подобрување на конкурентноста. Јавниот повек е објавен вчера, а ќе може да се аплицира до крајот на август. Распределбата на парите ќе се врши по принципот прв дојден прв услужен.

Преработучаите можат да аплицираат за да добијат поврат на парите што ги вложиле во изработка на техничка документација за нов производ, нова амбалажа, за изработка на проекти за енергетска ефикасност, за набавка на нов софтвер и слични инвестиции. Државата ќе покрие до 75% од направените трошоци или максимум до 180.000 денари. Вкупниот буџет за оваа намена изнесува 2,5 милиони денари.

На конкурсот можат да аплицираат сите деловни субјекти од преработувачкиот сектор, а барање може да се поднесе само за една активност. Услов за да се добијат парите е компанијата да не користела државна помош за иста активност во претходните две години.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close