fbpx
Вести

Компанија која постои 175 години, но никогаш досега немала подобар резултат

cok

Швајцарскиот производител на чоколадо „Lindt & Spruengli“ настојува да привлече повеќе обожаватели на слатки во Јапонија, Кина, Јужноафриканската Република, Бразил и Русија.

Од компанијата истакнуваат дека оваа група на земја за нив претставува „огромен потенцијал“.

Од „Lindt & Spruengli“ во годишниот извештај за деловните резултати истакнаа дека нивните филијали во тие пет земји оствариле „надпросечен резултат“ во 2017 година, со органски раст од 12,4 проценти.

И во други делови од светот луѓето попуштиле на искушението од чоколадите на „Lindt & Spruengli“, па така нето добивката на компанијата во минатата година пораснала за 7,8 проценти, на 452,5 милиони швајцарски франци (389 милиони евра), покажува извештајот.

Приходите го достигнаа највисокото ниво во периодот на 75-годишната историја на компанијата, надминувајќи четири милијарди франци.


 

денар.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close