Земјоделците бараат парите за продаденото да ги добиваат за 30 дена, а не како досега за 90
Наместо за 90 откупениот зеленчук трговците и преработувачите да го исплаќаат за 15 до 30 дена. Сегашниот рок за земјоделците е предолг и бараат законски измени со кои истиот ќе биде скратен. Велат некои откупувачи не го запазуваат и тој период па се случува парите од мината да им бидат исплатени оваа година со што им се создаваат дополнители проблеми околу оданочувањето.
,, Реколтата од 2017 година ни ја плаќаат сега во 2018 година и парите ни ги земаат УЈП. Ќе се соочиме со проблем сега година.,, вели Васе Митушев- земјоделец од Куклиш
,, Тоа никаде го нема во светот бидејќи во пазарна економија се знае, купи плати . Нас никој не не чека за ѓубре и репроматеријали, така да мислам дека рокот треба да биде 15 дена.,, вели Ванчо Митев – од Еко градинар од Добрејци
На последната средба со дел од земјоделците во Струмица ресорниот министер информираше дека дека ова како и голем дел други прашања важни за нив веќе се разгледува. Тој најави дека освен средби со сите засегнати страни се прават сериозни анализи кои ќе придонесат за дополнителни и соодветни законски измени што ќе се овозможат сигурна исплата на средствата кои откупувачите им ги должат на земјоделците.