Вести
Презентација на извештај за исхрана во градинките и основните училишта
Интерсекторска работилница „Со подобра исхрана на децата до подобро здравје и благосостојба“, ќе се одржи во Скопје. Дискусиите на работилницата ќе бидат посветени на исхраната на децата во градинките и основните училишта.
На работилницата ќе се обратат министерката за образование и наука, Рената Дескоска, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и претставникот на УНИЦЕФ во Македонија, Бенџамин Перкс.
Настанот е во организација на Центарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум”, со поддршка на ресорните министерства и Фондот на Обединетите нации за деца УНИЦЕФ.