fbpx
Вести

Скриена инфлација – килото не е кило, литарот не е литар

cokolado

Трошоците за живот се зголемени за 1.9% за една година, измери Државната статистика. Но, има и неофицијална таканаречена скриена инфлација за која многумина не знаат. Производите се се помали а цените се се повисоки.

Килограмот не е килограм, а литарот не е литар. Вака најголем дел од компаниите со години го кријат поскапувањето, а најголем дел од потрошувачите и воопшто не се свесни за тоа. Но има и такви, кои тоа го забележале.
Кило леб одамна е 600 грама, а последниве години дури и 400 до 500. Чоколадата најчесто не е 100 туку 90 па дури и 75 грама, зејтинот е 900 па и 750 милилитри, солта и шеќерот наместо кило се 900 грама, шпагетите и макароните, наместо 500 најчесто се 350 до 400 грама. Паштетите „ослабеа“ за 5 до 15 грама, а и дел од цигарите со години се по 19 во кутија, но со повисока цена.
И бурекот и сендвичите во голем дел се потенки и посиромашни, а ваква состојба има и во порциите во некои од рестораните и кафеаните.
Сето ова претставува „скриена инфлација“ која по самата дефиницијата е намалување на квалитетот или квантитетот на одреден производ при непроменети цени.
На „скриената инфлација“ неколку пати досега предупредуваа и од Организацијата на потрошувачи.
– Граѓаните мора да бидат навистина внимателни. При пазарење не треба да се гледа само цената и марката туку и тежината и содржината, велат во ОПМ.
Паралелно со „топењето“ на килажата и цените на производите одат на горе.
Според последните податоци на државната статистика, трошоците на живот се зголемени за 1.9% во февруари годинава, за разлика од истиот период минатата година.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close