fbpx
Вести

Пчеларите од охридскиот регион се жалат на ланските априлски мразеви

pceli

Ланската катастрофална година со крајно лошите приноси на мед лошо ќе се одрази врз развојот и опстанокот на пчелните семејства оваа пролет.

Охридските пчелари се загрижени за опстанокот на пчелите. Периодов најмногу ќе се почувствуваат последиците од минатогодишните априлски мразеви кои направија хаос во пчеларството и овоштарството.

„Јас сум 27 години пчелар, ваква година не памтам. Јас досега не давав никакви прихрани, претходнава година бев приморан да дадам за да останат во живот самите пчелни друштва и кога ќе го направиме првиот прилог ќе видиме што е направено со пчелите.  Прогнозите не се баш перспективни“, изјави Ице Китанчев пчелар.

Лошите минатогодишни приноси се одразиле и со недостаток од мед на пазарот.Па така во земјава во два наврати во Ресен и Штип влегле околу 150 тони од Грузија и Кина. Уште пострашно е што наместо мед,  бидејќи го нема на пазарите се нуди гликоза која е ефтина, купувачите не можат да ја препознаат, а ја смалува цената на вистинскиот мед. Пчеларите велат дека се оштетени од сите страни.

„Цената на медот на Балканот е секаде 10 евра, кај нас годинава стигна 400, 500 денари, ако влезиме во маркетите има некои смешни цени. Самите пакери користат една финта, кога го декларираат тоа што го нудат на пазарот, го нудат како безбедна храна, а не како мед и добиваат сертификат за тоа“, вели Китанчев.

Тие очекуваат помош од министерството за земјоделство. Бараат да се воведе поголема инспекција, да се проверува што и како се увезува и по која цена се продава. Додека да се опорават од лошата ланска година и да понудат квалитетен мед треба да помине време. Но и тогаш се ќе зависи од вегетацијата од оваа пролет.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close