fbpx
Вести

Раниот Велигден го намали извозот на македонското јагне

jagne

Македонското јагне годинава за Велигден повторно ќе заврши на традиционалните пазари во Италија, Хрватска и дел во Турција, но во помали количества од лани.

Ристо Михајлов од кланицата „Серта“ за „Мета“ вели дека продажбата на јагнињата годинава оди тешко и побарувачката од страна на традиционалните пазари е послаба.

– Грција годинава нема купено ниту едно јагне, за разлика од претходните години кога февруари и март имавме извоз во оваа држава. Имаат сопствено производство и повеќе не сме им атрактивни. За Италија и Хрватска исто така има намалени количества за извоз. Италијаните веќе најавија дека ќе го прекинат откупот, бидејќи немаат купувачи по маркетите. Кризата се чувствува секаде – вели Михајлов.

Тој додава дека цената е подобра од лани и е 140 денари за килограм.

И претседателот на здружението на сточари „Даши“ од Дебар, Скендер Аме, вели дека Италија и другите земји откупиле помалку јагниња. Очекува откупот да достигне 150.000 грла во споредба со лани кога се извезле 200.000 грла.

– Во однос на пласманот, сметаме дека влијаат два фактора, тоа што Велигден годинава е порано и јагненцата не се пораснати за продажба, што влијае и на цената. Второ, бројот  на овци стагнира, не оди нагоре. Се повеќе се напуштаат трлата, зашто тешко се наоѓаат овчари, сите бегаат. Овчарската работна рака е многу скапа, не се наоѓаат луѓе – изјави Даши.


 

мета.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close