Ќе се надоградува мрежата за прибирање податоци од земјоделските стопанства
Националната мрежа за прибирање на сметковотствени податоци од земјоделските стопанства ќе се надоградува. Средства за овој проект се обезбедени од Европската унија, а податоците кои се добиваат од фармерите се обработуваат и употребуваат за потребите на земјоделската политика…
Прецизни податоци за рентабилноста на фармите, производствените трошоци и остварените приходи, се дел од таканаречената ФАДН, односно националната мрежа за прибирање сметководствени податоци од земјоделските стопанства.
Прибирањето на податоците, односно проектот кој е финансиран со средства од европските предпристапни фондови од Брисел, почна во 2010 година со репрезентативен примерок од 300.000 земјоделски стопанства.
Лани, тој број се зголеми на 700.000, а фармите се класифицирани по економска големина и по типот на производството.
ФАДН или Националната сметководствена мрежа е единствената база за економско-финансиски податоци од земјоделските стопанства во земјава.
Нејзиниото функционирање ќе се надоградува со можност за креирање ефикасни земјоделски политики, следење на трендовите и промените во аграрниот сектор за поголеми приходи и профит на земјоделците.