Производителите на зелка остварија средба со Николовска
Советничката во Влада, за земјоделство, Ленче Николовска за оваа недела најави повеќе активности.
Денеска имаше средба со производителите и откупувачите на зелка за моменталната состојба во ова производство. Поканети беа сериозни и докажани земјоделски производители.
„Производителите на зелка испратија свои претставници со кои разговаравме за моменталната состојба во ова производство. Нивните барања и очекувања се истити со години, а новото е пристапот на Владата во поддршка на најтешкиот дел за нив- пласманот“ – истакна Николовска.
Николовска најави и почетни разговори со поледелците и мелничарите на тема „Очекувана жетва и цена на пченицата“.
„Земјоделското производство мора да се следи, прогнозира и реагира навреме.
Канцеларијата на Претседателот на Владата, Зоран Заев е отворена за нашите производители на храна“ – заврши Николовска.