Ќе ја покори ли ГМО цела Европа?
Европската комисија со телата за антимонополска регулација му даде одобрување на германскиот фармацефтски гигант Bayer да ја преземе компанијата Monsanto која е злогласена по наметнувањето на ГМО семиња на земјоделците со цел полесно да ги продава своите пестициди и хемиски препарата кои се точно создадени и креирани за целосна контрола над агроиндустријата на производство на храна.
ЕК смета дека договорот кој Bayer и Monsanto го склучија пред две години нема да ја наруши конкуренцијата на пазарот иако на овој начин ќе се формира една гигантска корпорација со огромна моќ.
Bayer плати неверојатни 62,5 милијарди американски долари за преземање на Monsanto со што ќе има контрола над огромен број на нови земјоделски семиња, пестициди како и на хемиски препарати, но порача дека нема да го наметнува ГМО производството во Европа.
Bayer исто така беше задолжен за над 5 милијарди евра да му продаде семиња и дигитална база на податоци за агрикултура на најблискиот конкурент BASF со цел да се спречи негово целосно доминирање на пазарот, како и создавање на услови за развој и на останатите компании.
Кај многу корисници и еко активисти постои голема загриженост дека и остатокот од Европа ќе биде преплавена со ГМО семиња, додека пак земјоделците стравуваат дека ќе им биде наметната ваква пракса со се поголемото ширење од околните посеви кои потоа ги „заразуваат“ нивните ниви и посеви кои потоа ќе мора да се променат и подлежат на пестицидите на Monsanto.