Сточарите незадоволни, цената на најквалитетното јагнешко за извоз достигна одвај 150 денари
Сточарите незадоволни од откупната цена на јагнешкото месо пред Велигден.
Највисока цена постигнало кај италијанските откупувачи, кои во Полошко плаќаат по 150 денари за прва класа, односно за живо јагне под 20 кг.
Во Пелагонискиот регион домашните кланичари откупуваат по цена од 145 денари за прва и 140 денари за втора класа.
-Во Штипско- Карбинскиот регион откупната цена е најниска и таа изнесува 140 денари за килограм жива мера. Сточарите стравуваат дека во продажниот шпиц пред католички Велигден, кога побарувачката е најголема, не ќе успеат да продадат повеќе од 20 000 јагниња од источниот регион.
Студијата изработена на Институтот за сточарство при Земјоделскиот факултет во Скопје, покажала дека производствената цена на јагнето е помеѓу 175 и 180 денари. Тоа јасно укажува дека македонските сточари во моментот од продажбата на јагниња работат во загуба.
Минатата година им беше ветено од страна на ресорниот министер дека, разликата од 40 денари ќе биде субвенционирана од буџетот, но досега тоа не е реализирано. Друг проблем е што во континуитет се намалува сточниот фонд, па само во Штипско бројот на овци е намален за 30 %.