fbpx
Вести

Снегот и ниските температури неповолни за виновата лоза, дали и оваа година ќе биде тешка за лозарите?

lozje

Лозјата најповеќе на удар од пролетниот снег што ја зафати земјава.  За другите овошки нема опасност од измрзнување, уверуваат агрометеролозите.

Кајсијата, сливата, бадемот, праската и останатите сорти кои веќе се расцветани се имони  на моменталните температури кои се спуштија и до -2 степени.  Ваквите временски услови не се закана за целосно уништување,  можно е да дојде само до намалување на родот.

Најниски температури  ќе има во недела , кога се очекува и мраз. Затоа агрометеролозите препорачуваат земјоделците навреме да превземат соодветни агротехнички мерки.

Минатата година беше најтешка за лозарите. Екстремно ниските темперстури кои лани во април ја зафатија земјава речиси целосно ги уништија  лозовите насади  на над 18 илјади семејства кои се занимаваат со оваа дејност. Тие сеуште не се обештетени. А измрзнаа и јаболката и оревот.


 

 

сител

Слични написи

Back to top button
Close