МЗШВ: Разбирлива е грижата на земјоделците за драстичното намалување на цената на зелката
Разбирлива е грижата на земјоделските производители и старавувањата од драстично намалување на цената на пролетната зелка, имајќи предвид искуството од неколку години наназад, велат од Министерството за земјоделство.
Од таму додаваат дека со цел обезбедување на сигурен пласман и откупна цена, денеска во Министерството ќе се одржи средба со производителите на зелка, кои вчера излегоа на предупредувачки протест во село Муртино Струмичко.
„На средбата само ќе ја потврдиме заложбата на Владата за сигурно производство и откуп што е во интерес не само на земјоделците туку и на извозниците. Обезбедувањето на сигурен пласман за земјоделските производи е еден од клучните приоритети на Владата на Република Македонија.Во таа насока, како ресорно министерство интензивно работиме на промоција и отворање на нови пазари за македонските земјоделски производи“, велат од Министерството.