Вести
Тутунопроизводителите ќе се исплаќаат од втората половина на април
По зачестените прашања на тутонопроизводителите за тоа кога почнува исплатата на субвенциите за тутунот, од АФПЗРР се изјаснија со позитивна информација за сите нив.
Имено, според директорот на Платежната Агенција, Никола Бабоски исплатата се очекува да започне во втората половина на април, односно штом заврши ажурирањето на податоците и се подготват решенијата.
„Знаеме дека официјалниот крај на откупот беше 15 март, што значи исплатата се одвива согласно законските обврски, односно не се доцни во исплатата“-потенцира тој.
Исплатата и на останатите субвенции за 2017 исто така се одвива согласно законските рамки и треба да заврши најдоцна до 30 јуни година.