fbpx
Вести

Co ориз ќе бидат насеани 5.000 хектари

Водостопанство „Брегалница” од Кочани пролетва ќе наводнува 5.000 хектари под ориз на површини што ги опфаќа хидросистемот „Брегалница” во општините Виница, Кочани, Штип и Пробиштип.

so oriz kje bidat naseani 5 000 hektari

 

– Површините за годинава се зголемени по барање на земјоделците-одгледувачи на ориз. Екипи од водостопанство „Брегалница”, кое стопанисува со хидросистемот, се на терен и работат на санирање на каналската и друга дистрибутивна мрежа. Договорено е сезоната за наводнување да почне на 15 април изјави Николчо Гоцев, директор на водостопанството.

Гоцев информира дека акумулациите Ратево, Калиманци и Гратче можат да ги прифатат водите од реките од регионот и од топењето на снегот од планините.

– Што се однесува до ставањето ред во испораката на вода до водокорисниците, водостопанството ќе почне со склучување договори за испорака на вода за оризиштата. Земјоделците нема да бидат принудувани да склучат договор за користење вода за наводнување, тоа треба самите да го сторат. Во спротивно, ќе следуваат казни, кои, според Законот за водостопанство, се движат од 500 до 1.000 евра прецизира Гоцев.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close