fbpx
Вести

Кондиторите се заблажија – растат добивките од продажба на чоколади и бомбони

bonboni

Кондиторската индустрија во Македонија минатата година работеше успешно. Тоа го покажуваат финансиските извештаи на најголемите компании во земјава кои произведуваат чоколади, бомбони, вафли и други слатки работи.

Кондиторската компанија „Европа“ од Скопје лани скоро двојно успеала да ја зголеми добивката. Според финансискиот извештај објавен на Македонската берза во 2017 година, фабриката остварила вкупни бруто-приходи на износ од 729.082.043 денари и се поголеми за 0,1% во однос на истите од претходната година.

Приходите од домашен пазар изнесуваат 290.157.562 денари и се намалени за 6%, a приходите од странски пазар се зголемени за 5 % и истите изнесуваат 420.533.615 денари.

Во 2017 година остварени се вкупни бруто-приходи на износ од 729.082.043 денари и се поголеми за 0,1% во однос на истите од претходната година. Приходите од домашен пазар изнесуваат 290.157.562 денари и се намалени за 6%, a приходите од странски пазар се зголемени за 5 % и истите изнесуваат 420.533.615 денари.

„ Во 2017 година остварена е нето-добивка по оданочување на износ од 50.266.155,00 денари и во однос на 2016 година кога истата изнесуваше 25.320.037 денари е зголемена за 98,5%“, се вели во соопштнието од компанијата објавено на Макеонската берза.

И кондиторската компанија „Витаминка“ од Прилеп се пофали со раст на профитот лани.  Според финансискиот извештај објавен на Македонската берза, оваа компанија минатата година ја заврши со единечни вкупни приходи од 1.745.01.000 денари и во споредба со остварените во 2016 година бележат пораст од 1%.

Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 98%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2016 година бележат пораст од 1%.

„Остварените единечни вкупни расходи во 2017 година изнесуваат 1.682.076.000 денари и во споредба со остварените во 2016 година бележат пад од 3%. Вкупните инвестиции во основни средства во 2017 година изнесуваат 103.485 илјади денари“, се вели во соопштението за финансиските резултати остварени лани.

Бројките од Билансот на успех покажуваат дека Витаминка лани годината ја завршила со вкупна нето добивка од 32.098.000 денари што е за 50% повеќе споредено со добивката остварена во 2016 година од вкупно 21.396.000 денари.


 

eMagazin

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close