Занает кој носи добра заработка – работа за пекари има, младите не се заинтересирани
Иако за многумина е заборавен, пекарскиот занает е еден од најстарите, најбараните и занает кој носи добра заработка, но за жал, пекарите во зејмава се дефицитарен кадар.
Пекарскиот занает кој има долга традиција во Македонија и се карактеризира со креативност и со умешност на нашите мајстори пекари. Тој е потенцијал и има перспектива за младите во нашата земја.
Да се биде пекар треба да се вложи многу труд и бара откажувања од слободното време, особено ноќе, но затоа е и добро платена. Работа за пекари има, но младите вешто го избегнуваат изучувањето на занаетот.
Инаку, работата пекар е една од подобро платените. Искусен пекар прима плата во просек од 20.000 до 30.000 илјади денари. Скопје иако важи за еден од најразвиените градови во пекарската гранка, со долга традиција прочуен по производство на пекарски леб и кифли.
Парадоксално е тоа што, работа за пекари има, а во Агенцијата за вработување од овој профил значителна бројка се евидентирани како невработени.