fbpx
Вести

ВИСОКОЏБУНЕСТА АМЕРИЧКА БОРОВНИЦА

borovnica

Високоџбунестата америчка боровница е се повеќе барана на пазарот. Светскиот пазар
е недоволно снабден со плодовите од ова овошје кои што се користат како во свежа состојба,
така и за преработка, а и во смрзната состојба.
Високоџбунестата америчка боровница потекнува од САД и може да достигне висина
од 3,5 до 4 метра. Таа по многу нешта претставува доста катактеристично овошје. Припаѓа во
групата на јагодести овошја и е многу значајна и корисна од аспект на нејзините хранливи и
лековити својства. Боровницата претставува повеќегодишно растение и може да се
експлоатира од 20 до 50 години. Приносот на растението почнува да се зголемува во текот на
третата до шестата година, а од седмата година, боровницата е во полн род. Подигнувањето
на насад со боровинка е доста скапа инвестиција, но со оглед на нејзината родност и
побарувачка на пазарот инвестицијата се враќа доста брзо.

УСЛОВИ ЗА ОДГЛЕДУВАЊЕ
Во однос на климатските услови, на боровницата најмногу и одговараат умерено топли
и умерено влажни подрачја, со вегетациски период подолг од 160 дена. Близината на водени
површини исто така делуваат позитивно на растот, развојот и плодоносењето на боровницата.
Во однос на позицијата, боровницата најмногу успева на надморска височина од 300
до 800 метри. На надморска височина над оваа, потребно е да се засадуваат порани сорти,
затоа што покасните сорти може да не соберат доволно шекерни единици и да не досозреат.
За успешно одгледување на боровницата, најприкладни се длабоки, растресити и
плодни почви, со содржина на хумусна материја од 7 – 10%, добро пропустлива и кисела почва
со рН од 4,2 до 4,8 со многу мали отстапки. Киселоста на почвата потребно е редовно да биде
контролирана. Со оглед на тоа што кореновиот систем на боровницата е доста плиток,
потребно е нивото на подземната вода да биде на околу 50см од површината на земјата, за да
не биде загрозен опстанокот на растението.
Со оглед на тоа што боровницата цвета доста касно (зависно од сортата, од првата или
втората половина на месец мај), таа ретко или скоро никогаш не страда од раните пролетни
мразеви. Во текот на зимското мирување, со цел правилно одвивање на одредени биолошки
процеси, потребно е боровницата одреден период да биде изложена на температура под
7,2°C. Температурата влијае и на нормалното созревање на плодовите. Ниските температури и
недоволната сума на топлина влијае плодовиоте нерамномерно да созреат или воопшто да не
созреат.

СОРТИ БОРОВНИЦА
Повеќето сорти на високоџбунестата боровница се самооплодни, но заради посигурно
опрашување и поголема родност, се препорачува во еден насад да бидат застапени повеќе
сори кои што меѓусебе може да се опрашуваат.
Попознати и позастапени сорти се следните:
– Сорти кои што рано созреваат: Duke, Bluetta
– Сорти со средно рано созревање: Blueray, Bluecrop, Berkeley, Hardy blue
– Сорти кои касно созреваат: Coville, Herbert, Jersey, Elliot
Ана Велјановска – Советник


 

агенција.гов.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close