fbpx
Вести

Производителите и откупувачите на зелка се договорија – килограм ќе се откупува за 25 денари

zelka

По речиси 24 часовен штрајк производителите на зелка од Муртино седнаа на заедничка маса со откупувачите и претставниците на министерството за земјоделие.     Договорија проблемите во идинина да ги решаваат преку дијалог. За таа цел ќе бидат формирани две работни групи, една составена од производители, а друга со  откупувачи и преку меѓусебни координации  да доаѓаат до најдобрите решенија.

,, Моментално ќе се откупува на 25 денари и ако има потреба за помала  цена ние ќе бидеме известени, ќе бидеме заедно со нив. Они дадоа предлози што ќе се бара и на која цена ќе се бара. Од нас е да ги испочитуваме и да им го дадеме тоа што го бараат на 25 денари.,, вели  Кире Најданов , производител на зелка.

На состанокот кој траеше неколку часа беше  разговарано и за тоа како да се надмине долгогодишниот проблем со недефинираните цени, односно повеќе да не сеслучува да подигаат амбалажа на една, а на предавањето на стоката да добиваат друга, пониска цена од договорената.

,, И од двете страни земаа обврски преку тие свои групи и свои членови кои ќе бидат,  тоа да се прави пред  препоставки дека е можно да дојде до пад на цената, ден пред тоа да се разговара,  да се запознаат. Ако дојде до пад на цената, поради кои причини е тоа, дали од страна на пазарот каде што се извезува и не само тоа туку исто така и зборувајќи и за квалитетот.,, рече ТРАЈАН МИЛКОВСКИ – МЗШВ

До заедничката средба помеѓу земјоделците и откупувачи дојде по вчерашниот протест на производители на зелка од Муртино кои револтирани од падот на цената за пет денари го блокираа центарот на селото и влезот на еден од откупните пунктови. Тие таму останаа до раните утрински часови не дозволувајќи натоварените камиони да тргнат на пат.

 


 

сител

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close