fbpx
Вести

До 14 април проблемот со брашното останува отворен

brasno

До 14 април, кога завршува рокот во рамки на кој Мешвитиот комитет треба да излезе со решенија за унапредување на размената меѓу Македонија и Србија, проблемот со брашното ќе остане отворен.

Но тоа, како што изјави за МИА Трајан Димковски од Министерството за земјоделство, кој го предводи македонскиот тим во Комитетот, не значи и дека проблемот нема да се реши.

Стопанствениците на состанокот на Мешовитиот комитет во Скопје не побарале укинување на маркичките, што беше една од опциите за надминување на проблемот со брашното.

– Стопанствениците не бараат укинување на маркичките. На состанокот во Скопје коморите од Србија и Македонија се согласија дека прашањето до последен момент ќе биде отворено. Но, можно е и тоа да се надмине до 14 април, нагласува Димковски.

Спогодбите за останатите нецариснки бариери што треба да ги склучат институциите од двете страни се веќе усогласени. Останатите три дена треба и административно да се подготват за потпишување.

– До 14 април ќе го завршиме административниот дел. Потоа ќе остане министрите и директорите да договорат кога ќе биде потпишувањето на документите. Претходно спогодбите треба да се усогласат со националното законодавство и да поминат во владите на двете земји, истакнува Димковски.

Мешовитиот комитет ја одржа првата средба во Белград, на 15 март, а втората во Скопје, на 28 март. Се разговараше за заемно признавање на фито-сертификатите, како и за целосно укинување на маркичките за брашното што е можно и прифатливо само ако тоа го бараат стопанските комори од двете земји.

Србија во текот на средбите бараше да се разгледаат „мерките и процедурите кои доведуваат до проблеми при извозот на компир во Македонија“, како и „долгото задржување на пратките на граничниот премин до завршувањето на лабораториските анализи“, а Македонија бараше укинување на ГМО анализите што ги прави Србија на македонскиот ориз.

Српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ во меѓувреме најави дека ако до 14 април не се најде трајно решение за извозот на брашното во Македонија, Србија ќе воведе контра мерки.


 

курир.мк

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close