fbpx
Вести

Пред велигденските празници поништени 31.000 небезбедни јајца

jajca

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, пред Велигденските празници спроведоа вкупно 181 вонредни, засилени контроли, во производството, преработката, дистрибуцијата и продажбата на јајца на македонскиот пазар и како небезбедни поништени се над 31 илјада јајца, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Од вкупниот број контроли, најголемиот дел, односно 110 контроли, спроведени се во малопродажните објекти, а извршени се и 35 контроли на зелените пазари и 36 контроли на сортирници за јајца.

„Со контролите констатирано е дека дел од операторите со храна извршиле несоодветно класифицирање и означување на јајцата, непоседувале комерцијален документ кој ја следи пратката, во промет пуштиле бојадисани јајца во неодобрен објект за таа намена, а констатирани се и други недоследности од помал обем. Од страна на инспекциските служби издадени се 10 решенија за отстранување на констатираните недоследности, спроведени се 4 едукации и изречени се  4 парични казни“, велат од АХВ.


 

еМагазин

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close