fbpx
Вести

Закочи откупот и пласманот на зелката во струмичко

zelka

Закочи откупот на зелката во струмичко. Заради немање пласман, трговците  откупуваат во минимални количини  и со прекини.

Од таа причина цената за килограм зелка падна на  10 до 1А5  денари заради што се запали алармот кај производителите кои се закануваат со протести и блокади доколку не се стабилизира состојбата. Земјоделците тврдат дека проблемот лежи кај откупувачите.

„До магационерите е. Оние кои се бизнисмени. Тоа се 5-6 луѓе и тие командаат со бизнисот. Чаре, народот се буни и ништо“ – велат земјоделците.

Од откупните центри во струмичко потврдија дека деновиве закочи пласманот на проелтната зелка од струмичко наспроти огромната понуда од земјоделците кои почнаа интензивно да ја берат зелката. Тие пак сметаат дека со ваква аграран политика никој нема да остане по нивите.

„Младиот народ бега, работи само постарата генерација. Од 20 години нагоре, младите не сакаат да работат земјоделие.“ – велат постарите земјоделци.

Пред десетина дена дел од земјоделците во струмичко излегоа на протести а во координација со преставници на Владата се најде решение да бидат информирани ден претходно за побарувачката и можната откупна цена на зелката.


 

24мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close