fbpx
Вести

Николовски: Градиме цврсто договорно производство, за сигурен пласман, повисока откупна цена и поконкурентни производи

nikolovski

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, денеска одржаа работен состанок со винарските визби. Овој состанок за првпат се одржува на три месеци пред почетокот на бербата на грозјето, со цел навреме да се планира годинешниот откуп на грозје, залихите,плановите и предлозите на винарските визби,  но  и да се анализира моменталната состојба во секторот лозарство.

 

Министерот Николовски посочи обврска на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е да создава услови за непречен откуп и стабилни откупни цени, поволен амбиент и за винарниците и за лозарите, а тоа ќе се  постигне само преку навремени и редовни средби со винарниците и лозарите. При тоа министерот посочи дека ваков тип на состанок ќе се организира и со лозарите.

 

„Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, дава целосна поддршка на оваа извозно  ориентирана гранка. Овие средби ги започнуваме на три месеци пред почеток на бербата. На состанокот со винарските визби разговаравме и за делот на измени на законските регулативи, односно потребата од носење на нов Закон за вино, потребата од измени во законот, се со цел постигнување на сигурен пласман, стабилни цени и на квалитетно и конкурентно производство. Како Влада сме фокусирани на создавање на цврсто договорно производство и на сигурен пласман, повисоки откупни цени и поконкурентни производи, и затоа ги започнуваме овие состаноци сега порано и навреме. Продолжуваме со ваков тип на состаноци  и со лозарите, да ги слушнеме и нивните предлози, и во следниот период да можеме да креираме ефикасни политики и мерки за оваа гранка“, посочи министерот Николовски.

 

При тоа министерот Николовски потенцираше дека пред почетокот на новата производствена реколта, се исплатија над 600 милиони денари  субвенции за   одржување на лозови насади за лозарите и за винарниците кои имаат сопствени насади.

 

„Лани се исплатија сите заостанати обврски и кон лозарите и кон винарските визби. Оваа година сме насочени кон навремена исплата кон лозарите и кон визбите, тогаш кога им се потребни. Овие денови ќе биде исплатена и дополнителната поддршка од 2 денари од минатата година, и  тоа се уште 140 милиони денари плус субвенции за лозарите. На денешниот состанок ќе се разговара и за новите мерки и политики на Владата за развој на лозарството“, изјави министерот Николовски.

 

Во годинешната Програма за финансиска поддршка во земјоделството за 20 отсто се зголемени субвенциите за одржување на лозови насади за они кои имаат од 1 до 10 хектари , односно наместо 40.000 ќе добијат 48.000 денари по хектар, дополнителна субвенција од 12.000 денари по хектар ќе добијат оние кои ќе извршат  реконструкција на лозовите насади, за промена на асортиментот, што е важно за следење на светските трендови и за зголемување на конкурентноста. Дополнително, 30 отсто повисока субвенција ќе добијат оние земјоделци ќе преминат во попрофитабилна гранка, на пример од полјоделство во лозарство, овоштарство и градинарство.

 

Од винарските визби посочија дека се важни ваквите навремени состаноци со цел навреме да се разговара за сите отворени прашања и предлози, и да се направи долгорочна стратегија за развој на лозарството и винарството. Одговарајќи на новинарско прашање за долговите што одредени винарски визби ги имаат кон лозарите, Министерот Николовски изјави дека министерството внимателно е насочено кон водење на разговори винарската „Повардарие“ и дека долгот кон лозарите мора да се исплати. Долгот на Повардарие изнесуваше 3,5 милиони евра, а сега е 650 илјади евра.Во однос на винарската визба „Стефанс винери“ отворена предстечајна постапка, МВР и Интерпол водат истрага, а лозарите како најголеми доверители ќе бидат први исплатени.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close