fbpx
Вести

Познати добитниците на грантови за воведување современи агроеколошки мерки

grant

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион денеска ги објави добитниците на грантови за воведување современи агроеколошки мерки. Дваесет земјоделци производители на градинарски култури и 10 производители на овошни култури се добитници на грант во опрема во вредност од 300 илјади денари.

Добитниците на грантови учествуваа во проектот „Управување со сливот на река Струмица“ и при тоа беа одржани специјализирани теоретски и практични обуки за агроеколошко производство за околу 80 кандидати – градинари и овоштари.

По спроведениот тест на знаење во четири области-овоштарство и градинарство, наводнување, ѓубрење и заштита, според вкупниот број бодови се изврши рангирање на најдобрите.

Проектот „Управување со сливот на река Струмица“ е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, а го имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, општините од сливот и други релевантни институции.

 


 

бриф

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close