fbpx
ВестиВино

Џоковиќ го проширува семејниот бизнис со лозарство, ќе вложат над милион евра

Семејството на тенисерот Новак Џоковиќ ќе инвестира во нов бизнис, влегува во производство на вино. Чичкото на најдобриот светски тенисер Горан Џоковиќ, купил пет хектари земја во село Липовац во општина Топола, пишува српски Блиц.

dzokovikj go proshiruva semejniot biznis so lozarstvo kje vlozhat nad milion evra

 

Чичкото на Џоковиќ го купил веќе обработеното земјиште, но во тек е засадувањето на лозата, а освен тоа има поднесено и проект до општината Топола, која ќе треба да го одобри и да добие дозвола за градба на винарија. На неговиот имот треба да  се добие вино од совињон, траминац и маблбек, а ќе се вложат над 200 000 евра.

Како што напоменавме, еден хектар земја вреди околу 4500евра, но се очекува откако Џоковиќ дојде во овој крај, цената да скокне неколку пати повеќе.

Тие планираат да направат две помали винарии, но ексклузивни во секој поглед и по квалитетот и по поканетите гости кои ќе доаѓаат таму, објави Блиц.

Имотот на Џоковиќ се наоѓа во веќе засадено лозје од 13 хектари кое е сопственост на Бранислав Аврамовиќ, пријател и адвокат на семејството. Тој, според упатените е и најзаслужен за влегување на семејството во ваков бизнис.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close