fbpx
ВестиСовети

Извозот на руската пченица за 45% повисок во споредба со минатата сезона

Додека извозот на руската пченица одлично напредува и се заканува со соборување на сите количински рекорди, цената на пченицата во таа земја бележи пад. На ова треба да се додаде фактот дека Украина го удвои извозот на пченични трици во ЕУ, а извозот на романскиот јачмен е за една петтина поголем од минатата година.

Извозот на руската пченица во периодот од јули 2017 до мај 2018 година, е за 44,6% поголем во споредба со истиот период минатата година и изнесува 36, 2 милиони метрички тони, соопштува Министерството за земјоделство на Русија. Меѓутоа, според извештајот на американското министерство за земјоделство, се очекува до крајот на кампањата, од Русија на странскиот пазар, да биде извезено околу 39,5 милиони метрички тони лебно зрно.

Покрај тоа, руските извозници, во тековната пазарна година испорачале 4,89 милиони тони пченка, што претставува зголемување од 9,9 % во споредба со минатата сезона. Извозот на јачменот изнесувал 5, 16 милиони тони, што претставува раст за 90%, кој од година во година се зголемува, благодарение на големата куповна моќ на Саудиска Арабија и Тунис.

Извозните цени на руската пченица продолжиле да паѓаат

Цените на руската пченица во текот на минатата недела го продолжиле падот од претходната седмица, така што пченицата со 12,5% протеини го затвори тргувањето со пад на цената од 2-3 долари по тон и се продаваше за 210 до 213 долари за тон. Од друга страна, пак, според известувањето на UkrAgroConsult, пченицата со 11,5 % протеини имаше цена од 198 до 200 долари за тон. Треба да се нагласи и тоа дека извозниот пазар е под притисок поради забавената продажба на сточна пченица, а бројот на купувачи опаѓа, така што извозниците се почесто преминуваат на трговија со лебна пченица, чија побарувачка во 2018 година, е во пораст.

Европската унија двојно го зголемила увозот на пченични трици од Украина

Со зголемувањето на извозот на брашното и понатаму се зголемува испораката на житни култури од Украина на странскиот пазар, наспроти падот на производството на житните култури во таа земја. Како што пренесува UkrAgroConsult, извозот на пченични трици, во периодот јули/април 2017/2018 година, бил за 9% поголем од минатосезонскиот и изнесувал 553,7 илјади тони. Традиционално, Турција и понатаму е најголем увозник на украинските пченични трици, апсорбирајќи 89% од вкупниот извоз. Треба да се нагласи дека Европската унија, значително го зголемила увозот на пченичните трици, двојно зголемувајќи го минатогодишниот од 4,4 илјади тони на 10,1 илјади тони, оваа година. Сличен пораст се забележува и во испораките во Египет, кој купил 8,1 илјада тони, наспроти минатосезонскиот од само 0,6 илјади тони.

Романија: Извозот на пченицата се намалил за 14%, а извозот на јачменот се зголемил за 20 %

Романија, во периодот помеѓу јули и април во сезоната 2017/18 извезила 14% помалку пченица, во однос на минатогодишното рекордно темпо. Во април, оваа земја, во странство испорачала околу 350 илјади тони пченица. Извозот во април е за 30 % поголем, отколку во истиот период во 2017 година. Египет и понатаму останува водечки купувач на романската пченица, со учество од 23%, од вкупните количини извезена пченица. Друг, најголем увозник е Шпанија, а вреди да се додаде и дека, забележана е зголемена побарувачка од Јордан и Судан.

Од друга страна, кога станува збор за јачменот, Романија доставила 20% повеќе јачмен, отколку во истиот период минатата сезона. Саудиска Арабија, продолжила да биде главна дестинација за романскиот јачмен и купила 12% повеќе од таа житарица, во споредба со истиот период минатата сезона. Романија имала извоз од 48 илјади тони јачмен на дополнителни и дестинации надвор од ЕУ, што е 300% повеќе, отколку во март, во сезоната 2016/17.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close