fbpx
ВестиВиноТоп вести

Плодна година во лозарството, се најавува голем интерес за откуп на грозјето

grozje

Годинава за лозарството ќе биде плодна. Грозје има многу, а се најавуваат и доста побарувања, истакнаа градоначалниците на Кавадарци, Росоман и Неготино по денешната средба со инистерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Според нив, се работи на утврдување на производствената цена.

На средбата било нагласено и дека „Повардарие“ ќе го исплати долгот кон лозарите до 15 јуни.

– Разговаравме околу годинашниот откуп на грозјето, како и околу измените и дополнувањата на законските одредби со цел лозарите да имаат гаранции при откупот, информира кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев по средбата.

Градоначалникот на Неготино Тони Делков соопшти дека било разговарано и околу годинашниот род на лозјата и состојбата со вино во винарниците. – Генерално оваа година има доста грозје, станува збор за плодна година. Ќе има доста побарувања за грозје. На наредниот состанок ќе разговараме околу откупот и цените, изјави Делков.

Росоманскиот градоначалник Бранко Јанев рече дека се работи на утврдување на производствената цена за килограм грозје, врз основа на што ќе се утврдуваат и цените за родот оваа година.

Иако се разговарало само за грозјето, на новинарско прашање Јанев додаде дека се разговарало и за родот на праските. – Ова е добра година за производителите на праски. Одговараат климатските, но и условите на пазарот. Во моментов има добра цена, а квалитетот е исто така добар. Се надевам дека и во иднина нема да има проблем со праските, нагласи Јанев.

Од преговорите се задоволни и лозарите.

Тиквешко е најголем производител на грозје во државата, а во Росоманско се произведуваат најголеми количини на праски.

Денешната средба со Николовски е продолжение на состаноците кои почнаа во Министерството заедно со претставници на винарската визба „Повардарие”, земјоделци и пратеници.

 


 

а1он

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close